Özgür Ayaydın
18 Ноември 2017•Ажурирај: 19 Ноември 2017
ДИЈАБАКИР (АА) - Во соопштението издадено од канцларијата на гувернерот денес се вели дека турските сили неутрализирале најмалку 14 терористи на ПКК во југоисточната област Дијабакир, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението, уште двајца терористи биле заробени живи, додека двајца од 14-те неутрализирани терористи во антитерористичката операција биле високи членови на организацијата.
Во соопштението се вели дека операцијата која е започната на 16 ноември во подрачјето Кулп во областа, е сеуште во тек.
За време на операцијата запленети се оружје и муниција вклучувајќи 15 пушки Калашников со 39 куршуми, двe пушки М-16 со четири куршуми, 18 рачни гранати, 100 грама пластични експлозиви и 10 килограми експлозиви.
ПКК која се наоѓа на листа на терористички организации од страна на Турција, САД и ЕУ, ја продолжи својата вооружена кампања против Турција во јули 2015 година. Оттогаш, одговорна е за смртта на повеќе од 1.200 лица на безбедносен персонал на Турција и цивили.