Durmuş Genç,Ali Rıza Akkır
04 Август 2021•Ажурирај: 05 Август 2021
МУГЛА (АА) - Екипите поврзани со Регионалната шумарска управа на Мугла во Турција, пожарникари од многу општини и граѓани интервенираат на 6 пожари што избувнаа во различни интервали низ подрачјето во последната недела, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во пожарната зона исто така интервенираат 6 авиони, 16 хеликоптери, пожарникарски возила, градежна опрема, цистерни за вода, возила за интервенција при демонстрации и возила што припаѓаат на институциите.
Во пожарите во областите близу до морето исто така интервенираат и екипи од Генералниот директорат за безбедност на крајбрежјето и Командата на Крајбрежната стража.
Напорите за гаснење на пожарите во Мугла се поддржани од еден хеликоптер и 105 пожарникари од Азербејџан, 2 противпожарни авиони од Русија, еден противпожарен авион и 2 хеликоптери од Иран.
Продолжуваат напорите за ставање на пожарите под контрола.
- Продолжува реакцијата од воздух и копно на шумските пожари во Милас и Бодрум
Шумскиот пожар што започна во населбата Бејџилер во Милас на 31 јули, е активен во местата Орен Туркевлери, Чокертме, Бозолан, Феслеген и Ѓокбел. Пожарот исто така продолжува и во областите Долно Мази и Горно Мази во Бодрум.
Во текот на ноќта се интервенираше и од воздух.
Пожарникарите од различни провинции на Турција, исто така, работат на ставање под контрола на пожарот што зафати голема површина.
Се прават обиди пламенот што напредува до заливот Кисебуку да се контролира со воздушни и копнени интервенции. Се отвора шумски пат со градежна опрема за да стигнат пожарникарските возила до опожарените области. Работата на екипите исто така ја поддржуваат волонтерите и локалното население.
Во утринските часови започна интервенцијата и од воздух.
Во населбата Туркевлери забележано е дека од пожарите се уништени куќите.
Од друга страна, откако пламенот што се приближуваше до населбите беше ставен под контрола, некои граѓани почнаа да ги враќаат назад своите животни што ги евакуираа.
Во соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција се истакнува: „Патролен брод и брод за слетување на авиони, што припаѓаат на нашата команда на поморските сили, беа испратени во регионите Ерен и Милас со цел да ги поддржат противпожарните активности во Мугла и да ги евакуираат граѓаните во регионот во случај на потреба.“