Erdal Çelikel
04 Август 2021•Ажурирај: 05 Август 2021
АНКАРА (АА) - Генералната дирекција за шумарство на Турција соопшти дека 160 од 174 пожари што избувнале од 28 јули во земјата, се ставени под контрола, а дека 14 пожари сè уште се активни, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение на Генералната дирекција за шумарство се наведува дека 174 шумски пожари избувнале во 39 општини помеѓу 28 јули и 4 август.
Во соопштението се нагласува дека 160 од пожарите се под контрола и дека напорите за контрола на 14 пожари во 5 општини продолжуваат.
„Покрај тоа, нашите тимови реагираа на 98 рурални пожари. Досега, во борбата против тековните пожари, користени се вкупно 51 хеликоптер, 16 авиони за фрлање вода, 9 беспилотни летала, 1 хеликоптер без екипаж, 850 пожарникарски возила и танкери за вода, 150 градежни возила и приближно 5.250 персонал“, се додава во соопштението.