Büşra Nur Çakmak
05 Август 2021•Ажурирај: 06 Август 2021
АНКАРА
Турција ги презеде сите неопходни мерки за да спречи загуби на човечки животи на местото на пожарот во близина на електраната во југозападната област Мугла, изјави директорот за комуникации на земјата, Фахретин Алтун, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата објавена на Твитер, Фахретин Алтун рече дека целиот персонал во термоелектраната „Кемеркој“ во областа Туркевлери, е евакуиран како дел од безбедносните мерки.
Електраната беше евакуирана вчера поради шумскиот пожар во областа.
„Екипите за итна помош продолжуваат да ги преземаат сите неопходни безбедносни мерки со процеси на инспекција и ладење на местото на електраната“, додаде тој.
Алтун рече дека тимовите ќе продолжат со работата за ладење од воздух и копно во регионот наутро.
Пожарот стигна до периметарот на електраната, а напорите за гаснење на огнот беа попречени од силните ветрови во регионот.
Од електраната се отстранети и запаливи и експлозивни материјали.
Танкери за вода и противпожарни возила се стационирани во електраната во случај огнот да се прошири понатаму кон главната зграда.