Cüneyt Kemal Özkök
05 Август 2021•Ажурирај: 06 Август 2021
АНКАРА
Министерот за земјоделство и шумарство на Турција, Бекир Пакдемирли, изјави дека во изминатите девет дена под контрола ставиле 180 шумски пожари во 38 области, јавува Агенција Анадолија (АА).
Пакдемирли на Твитер соопшти најнови податоци во врска со состојбата на терен кога се во прашање шумските пожари.
Според неговите зборови, се работи на контролирање на седум пожаришта во Мугла, два во Анталија и еден во Испарта, Ајдин и Денизли.
„Во последните девет дена под контрола ставивме 180 шумски пожари во 38 области. Во пет области се продолжува интензивната борба за под контрола да бидат ставени 12 пожаришта“, наведе Пакдемирли.
Графичките податоци кои ги објави министерот покажуваат дека во тек се акциите на гаснење на пожарите во подрачјата Манавгат и Ѓундогмуш во Анталија, Каракас во Ајдин, Ѓунеј во Денизли, Сутчулер во Испарта, Мармарис, Којчегиз, Каваклидере, Јиланлиј, Сејдикемер и Милас во Мугла.