Zafer Fatih Beyaz
03 Август 2021•Ажурирај: 05 Август 2021
АНКАРА
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, упати благодарност до сите земји и организации кои дале поддршка за гасењето на шумските пожари во Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган го истакна ова преку објава на социјалните мрежи.
„Во име на мојот народ упатувам благодарност до сите земји и организации кои испратија и изразија помош и поддршка за нашата борба во гасењето на шумските пожари во Турција, и кои упатија сочувство во оваа насока“, напиша тој.
Турскиот претседател изрази надеж дека во најкратко време ќе го надминат овој тежок процес.
„Особено во име на мојот народ упатувам благодарност до мојот ценет пријател, претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, рускиот претседател, Владимир Путин, и шпанскиот премиер, Педро Санчез, за нивната поддршка од самиот почеток. Исто така, упатувам благодарност до претседателот на Иран, Ибрахим Реиси, катарскиот емир Шејх Темим, претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, и претседателот на Украина, Владимир Зеленски, поради нивната силна солидарност“, додаде Ердоган.