Aynur Ekiz
10 Јули 2018•Ажурирај: 10 Јули 2018
БАКУ (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, допатува во официјална посета на Азербејџан, јавува Anadolu Agency (AA).
По победата на претседателските и парламентарни избори во Турција одржани на 24 јуни, и вчерашната инаугурација за претседател на Турција, претседателот Ердоган, со пристигнувањето во Азербејџан ја оствари својата прва посета на оваа земја.
- Посета на гробот на починатиот претседател Алиев -
По пристигнувањето во Баку, претседателот Ердоган се упати кон почесните државни гробишта на кои се погребани поранешниот претседател на Азербејџан, Хајдар Алиев, и неговата сопруга.

Претседателот Ердоган положи венец на гробот на Хајдар Алиев, а потоа положи и венец во Алејата на хероите на Баку, каде што се погребани жртвите од 20 октомври.
Воениот оркестар ги интонираше националните химни на Турција и Азербејџан.

- Каранфили на гробиштата на турските херои -
Турскиот претседател Ердоган ги посети и гробиштата на турските херои, положувајќи венец на спомен-обележјето и по еден каранфил на секој гроб одделно.

Тој во книгата на спомени го напиша следното:
„Наши свети херои, по историските избори на 24 јуни, се чувствувам многу среќен што како прв претседател на Републиката во новиот претседателски систем на уредување, се наоѓам на местото на вашиот духовен мир. Со инспирацијата што досега ја земавме од вашата пожртвуваност, се надевам дека и во иднина ќе ја продолжиме борбата за унапредување на турско-азербејџанските односи на секое поле. Вашите души нека почиваат во спокој.“

- Претседателот Ердоган пречекан со свечена церемонија -
По повод посетата на турскиот претседател во палатата „Загулба“ беше организирана свечена церемонија.
Пред платото претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, го пречека претседателот Еродган, кој ја поздрави почесната гарда.

Следуваше интонирање на химните на двете земји, по што двајцата претседатели одржаа средба зад затворени врати.