Tuba Şahin
23 Јули 2020•Ажурирај: 24 Јули 2020
АНКАРА
Индексот на доверба на потрошувачите во Турција овој месец во однос на претходниот е намален на 60,9 отсто, објави Турскиот институт за статистика (ТуркСтат), јавува Агенција Анадолија (АА).
Индексот, заеднички пресметан од ТуркСтат и Централната банка на Турција преку мерењето на потрошувачките тенденции, се намали за 2,7 отсто овој месец, од 62,6 отсто во јуни.
Сите подиндекси, освен читањето на очекувањата за финансиската состојба на домаќинствата, се намалија во однос на минатиот месец, покажуваат податоците на ТуркСтат.
Индексот на очекување на финансиската состојба на домаќинствата се зголеми за 0,9 отсто на месечно ниво, што укажува на тоа дека повеќе луѓе очекуваат подобра финансиска состојба во наредната година.
Следејќи ги тенденциите на потрошувачите да заштедат пари во текот на следните 12 месеци, индексот на веројатноста за заштеда забележа најголем месечен пад со 14 отсто во однос на минатиот месец.
Индексот на очекувањата на потрошувачите за подобра општа економска состојба во наредните 12 месеци се намали за 3,9 отсто од јуни до јули.
Индексот на очекуваниот број на невработени лица опадна за 1,7% во истиот период, бидејќи луѓето се попесимистични за наоѓање работа.
Индексот на доверба на потрошувачите, пресметан од резултатите од истражувањето, се оценува во опсегот 0 - 200, што укажува на оптимизам кога индексот е над 100 и песимизам кога е подолу.