Merve Aydoğan
31 Мај 2018•Ажурирај: 31 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Обвинителите во турскиот главен град Анкара издадоа налози за приведување 14 лица од персоналот на Министерството за здравство поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Аnadolu Agency (AA).
Според Канцеларијата на главниот обвинител на Анкара, четворица од 14-те осомничени се сегашни вработени во Министерството, осуммина се поранешни вработени, и двајца пензионирани.
Седуммина од 14-те осомничени се приведени, а потрагата по останатите продолжува.
Налозите за приведување се издадени поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО, во рамките на истрагата што ја спроведува Бирото за истраги на кривични дела поврзани со тероризмот.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад неуспешниот државен удар изведен на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 250 луѓе, а околу 2.200 беа повредени.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на власта преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.