свет

Зариф го повика Трамп да се откаже од спречувањето на продажба на нафта

- „Ние не бараме милостина од Трамп кој беше принуден да купи респиратори од санкционирани извори“, изјави Зариф.

Ahmet Dursun  | 07.04.2020 - Обновена : 09.04.2020
Зариф го повика Трамп да се откаже од спречувањето на продажба на нафта

АНКАРА

Министерот за надворешни работи на Иран, Џавад Зариф го повика американскиот претседател Доналд Трамп да се откаже од спречувањето на продажба на нафта, јавува Агенција Анадолија (АА).

Зариф на својот профил на Твитер објави дека САД набавиле респиратори од руската фирма што се наоѓа на листата на санкционирани.

„Ние не бараме милостина од Трамп кој беше принуден да купи респиратори од санкционирани извори“, изјави Зариф.

Наведувајќи дека Иран е богата земја што се однесува на човековите и природни ресурси, Зариф изјави дека од САД бараат да му дозволат на Иран да продава нафта и останати производи и непречено да ги исполнува своите потреби, да извршува отплата и исплата.

Властите на САД по едностраното напуштање на нуклеарниот договор воведоа низа санкции против официјален Техеран со цел оневозможување на извозот на иранската нафта.

Во Иран од последиците на заразување со новиот тип на коронавирус починаа речиси 4.000 лица, по кое во меѓународната заедница започна да се дискутира за ублажување на санкциите против Иран, за да се поддржи борбата против ширењето на коронавирусот.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın