Балкан

Турските државјани во Северна Македонија, благодарение на Амбасадата, се враќаат во Турција

- Во соопштението се упатува благодарност до ресорните органи на Северна Македонија и Бугарија за укажаната поддршка во реализацијата на патувањето на турските државјани по копнен пат

Dzihat Aliju  | 08.04.2020 - Обновена : 09.04.2020
Турските државјани во Северна Македонија, благодарение на Амбасадата, се враќаат во Турција

СКОПЈЕ

Благодарение на Амбасадата на Република Турција во Скопје, уште еден дел од турските државјани што престојуваат во Република Северна Македонија, со автобуси заминаа за Турција поради пандемијата на новиот тип коронавирус која владее во светот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во писменото соопштение што го објави Амбасадата на Турција во Скопје се вели дека откако пандемијата на Ковид-19 станала активна и во Северна Македонија, еден дел од турските државјани што престојуваат во земјава, побарале од Амбасадата да бидат вратени во Турција.

Во соопштението се истакнува дека, имајќи ги предвид тековните услови и можности, Амбасадата на Турција во Скопје успеала да обезбеди трансфер за своите државјани, со автобуси преку Бугарија да заминат во Турција.

„На 1 и 3 април нашите државјани со два автобуса влегоа во Турција преку граничниот премин „Капикуле“. Денеска, на 8 април, тргнаа уште два автобуса за Турција“, се вели во соопштението од Амбасадата на Турција во Скопје.

Во соопштението се упатува благодарност до ресорните органи на Северна Македонија и Бугарија за укажаната поддршка во реализацијата на патувањето на турските државјани по копнен пат.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.