Балкан

Тачи: „Длабока благодарност на Турција за поддршката на Косово“

„Длабоко сум му благодарен на претседателот Ердоган и на Турција за поддршката во ова незапаметено време“, напиша косовскиот претседател Тачи за помошта од Турција за борбата против Ковид-19

Zylfije Adem Jakupi  | 08.04.2020 - Обновена : 08.04.2020
Тачи: „Длабока благодарност на Турција за поддршката на Косово“

ПРИШТИНА (AA) - Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска телефонски разговараше со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, при што му упати благодарност за помошта од Турција за косовскиот народ, јавува Агенција Анадолија (АА).

Претседателот Тачи во објавата на социјалните мрежи објави дека од Турција тргнала медицинска помош за Косово во борбата против Ковид-19.

„По мојот телефонски разговор со турскиот претседател Ердоган, добивме медицинска помош од Турција за Косово, со цел помагање во борбата протв Ковид-19. Длабоко сум му благодарен на претседателот Ердоган и на Турција за поддршката во ова незапаметено време“, напиша Тачи.

На приштинскиот Меѓународен аеродром „Адем Јашари“ денеска попладне пристигнува контингентот со заштитни средства и медицинска опрема, кој Република Турција го донираше на косовските институции за управување со епидемиолошката состојба со Ковид-19.

Како што е соопштено од Министерството за здравство на Косово, на официјалното примопредавање на аеродромот ќе присуствуваат амбасадорот на Република Турција во Косово, Чари Шакар, вршител на должноста министер за здравство Арбен Витиа и Ардиан Арифај, политички советник на претседателот на Република Косово.

Потсетуваме, Турција испрати авион со медицинска опрема за Северна Македонија, Косово, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, како помош во борбата со пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

На барање помош од страна на пет балкански земји, со наредба на претседателот Реџеп Таип Ердоган, Турција во знак на поддршка, до овие земји испрати медицинска опрема како помош во борбата против Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.