Балкан, Коронавирус

Од Турција полета авион со медицинска опрема за С.Македонија како помош во борбата со Ковид-19

Турција испрати авион со медицинска опрема за Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Косово како помош во борбата со Ковид-19

İsmet Karakaş  | 08.04.2020 - Обновена : 08.04.2020
Од Турција  полета авион со медицинска опрема за С.Македонија како помош во борбата со Ковид-19

АНКАРА

Турција испрати авион со медицинска опрема за Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Косово како помош во борбата со пандемијата на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).

На барање помош од страна на 5 балкански земји, со наредба на претседателот Реџеп Таип Ердоган, Турција во знак на поддршка, до овие земји испрати медицинска опрема како помош во борбата против Ковид-19.

Од аеродром Етимесгут во Анкара полета воен карго-авион од типот A400M на кој беше натоварена медицинската помош подготвена од страна на Министерството за здравство на Турција која се состои од маски, комбинезони и тестови за брза детекција на заразеност.

Авионот со медицинска помош за борбата со пандеијата на Ковид-19 прво ќе слета во Србија. На пакетите со медицинска помош испишани се зборовите на поетот, правник и теолог Мевљана „По безнадежноста има многу надежи. По темнината има многу сонца“.

Минатата недела Турција испрати медицинска помош за Италија и Шпанија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.