Jeyhun Aliyev
08 Април 2020•Ажурирај: 08 Април 2020
АНКАРА (АА) - Од последиците предизвикани од заразувањето со новиот тип коронавирус, Ковид-19, во светот се излекуваа повеќе од 300.000 лица, покажуваат податоците објавени утринава од американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Откако се појави во кинескиот град Вухан, во декември 2019 година, вирусот се прошири во најмалку 184 земји и региони, а со новиот тип коронавирус Ковид-19 во светот се заразени повеќе од 1,42 милиони лица.
Потврдени се најмалку 81.865 смртни случаи.
Најголем број смртни случаи се потврдени во Италија, а потоа следуваат Шпанија, САД и Франција.
Турските власти вчера соопштија дека во последните 24 часа од последиците на заразувањето починале уште 75 лица, со што вкупниот број починати од Ковид-19 изнесува 725. Потврдени се 34.109 случаи на заразување, односно 3.892 нови случаи.