Burcu Arik
13 Јануари 2017•Ажурирај: 13 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Турција и Русија потпишаа договор според кој ќе соработуваат за безбедноста на нивното воено воздухопловство во Сирија, соопшти Генералштабот на турската војска, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на официјалниот веб-сајт, од Генералштабот на турската војска се информира дека делегациите на двете земји ќе се состанат во Москва.
„Целта на овој договор е да се определат механизмите за координација и соработка за безбедноста на летот на руските воздухопловни сили и турските воздухопловни сили за време на офанзивата против терористичките цели“, соопшти армијата.
Соопштението следеше по преговорите на Турција и Русија во врска со прекинот на огнот меѓу силите лојални на сирискиот лидер Башар ал Асад и опозициските групи. Преговорите со цел воспоставување политичко решение за шестгодишниот конфликт ќе започнат во Казахстан, кон крајот на овој месец.