Ali Bayaslan
13 Јануари 2017•Ажурирај: 14 Јануари 2017
АНКАРА (AA) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека парламентарната процедура во врска со уставните промени ќе биде завршена во текот на неделата, а потоа ќе одлучат граѓаните, јавува Anadolu Agency (AA).
„Процедурите ќе бидат завршени во текот на неделата, а тогаш за конечна одлука сѐ ќе биде предадено на вистинскот сопственик, а тоа е народот. Што ќе одлучи народот, тоа ќе го прифатиме“, рече Ердоган.