Diyar Güldoğan
19 Април 2018•Ажурирај: 19 Април 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјави дека Турција работи со Казахстан на подобрување на билатералните односи во сите области, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи на прес-конференцијата со неговиот казахстански колега, Каират Абдрахманов во Анкара, Чавушоглу изјави: „Ние работиме заедно со нашата пријателска и братска земја Казахстан за подобрување на нашите односи во сите области“.
Тој изјави дека меѓу делегациите предводени од министрите бил одржан четвриот состанок на Заедничката група за стратешко планирање на Турција и Казахстан.
Чавушоглу додаде дека дискутирале за подготовките на казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбајев за престојната посета на Турција како и за третиот состанок на високо ниво на Советот за стратешка соработка на Турција и Казахстан.
Чавушоглу изјави дека двете земји сакаат да го зголемат меѓусебната трговска размена на 5 милијарди долари.
„Турските компании имаат одиграно многу важна улога во развојот на Казахстан“, додаде тој.
Абдрахманов изјави дека Казахстан и Турција во иднина ќе достигнат трговска размена и од 10 милијарди долари.
Чавушоглу се заблагодари на Казахстан за одржување на разговорите во Астана со цел да се стави крај на конфликтот во Сирија.
- Улогата на процесот во Астана -
„Процесот во Астана играше значајна улога во воспоставување на примирјето во Сирија, за формирање на зони без судири и преземање чекори за изградба на доверба во Сирија“, вели тој.
Казахстан беше домаќин на осум состаноци на кои присуствуваа претставници од Русија, Турција и Иран, земјите гарантери кои посредуваа во прекинот на огнот во Сирија во декември 2016 година, што доведе до мировните преговори во Астана кои протекуваа паралелно со оние во Женева.
Чавушоглу изјави дека некои земји (кои не биле вклучени во преговорите), се обиделе да го ослабнат процесот.
„Ние ќе продолжиме со процесот во Астана во престојниот период“, изјави тој и додаде:
„Следните преговори во Астана ќе бидат одржани во периодот од 14 и 15 мај“.
Абдрахманов додаде дека Турција игра сериозна улога во процесот во Астана.
Тој додаде дека Казахстан дал значење на процесот бидејќи има за цел прекин на судирите и крвопролевањето кои се случуваат во Сирија.
„Гледаме дека процесот во Астана се одвива паралелно со процесот во Женева, и се предвидува дека политичкиот процес ќе продолжи со поддршката на ОН“, додаде Абдрахманов.
Сирија е заробена во жестока војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал-Асад презеде мерки со неочекувана свирепост на про-демократските протести.
Оттогаш, според ОН, повеќе од 250,000 лица се убиени а над 10 милиони лица се раселени
- Борба против ФЕТО -
Чавушоглу изјави дека Анкара ја поддржува борбата на Казахстан против терористичката група ФЕТО.
„Нашите очекувања се очигледни и за жал, има останато уште припадници на ФЕТО, иако некои од нив ја напуштија земјата“, додаде тој.
Шефот на турската дипломатија изјави дека безбедносните служби на Анкара и Астана работат заедно во врска со тоа прашање и споделуваат информации меѓусебно.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој се наоѓа во Пенсилванија, се одговорни за неуспешниот обид за државен удар што се случи на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 250 лица, а речиси 2.200 беа повредени.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање свои поданици во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.
Подоцна во текот на денот, Абдрахманов ќе биде пречекан од страна на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.