Meryem Göktaş
19 Април 2018•Ажурирај: 19 Април 2018
АНКАРА (АА) - Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој (АК Партија), Махир Унал, денес изјави дека во средината на мај се планира почеток на изборна кампања во пресрет на претседателските и парламентарните избори, јавува Anadolu Agency (AA).
„Процесот на изборна кампања ќе започне околу 15 мај, ќе имаме големи собири на кои ќе присуствуваат претседателот и премиер“, изјави Унал.
Унал, портпаролот на АК Партијата соопшти: „Според последната анкета, за претседателот Реџеп Таип Ердоган би гласале 55,6 отсто од избирачите“.
Вчера турскиот претседател Ердоган соопшти дека предвремени претседателски и парламентарни избори ќе се одржат на 24 јуни.