Şafak Yel
19 Април 2018•Ажурирај: 20 Април 2018
ИЗМИР (АА) - Во првите четири месеци од оваа година, 718 мигранти се фатени во турскиот град Измир, во обид за илегален премин во Грција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Полициската дирекција во Измир, тимовите за борба против трговија со луѓе и шверцување мигранти, во првите четири месеци од оваа година реализирале голем број операции во градот, во рамките на борбата против илегална миграција.
Во овие операции биле фатени 718 странски државјани, коишто се подготвувале на илегален начин да преминат во Грција, а 53 лица, кои претходно биле приведени под обвинение дека ја организирале илегалната миграција, се притворени.
Според соопштението, овие тимови во истиот период минатата година фатиле 140 странски државјани, а притвориле 27 лица.