Sinan Uslu
19 Април 2018•Ажурирај: 19 Април 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со претседателот на Кина, Си Ѓинпинг, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од претседателските извори, Ердоган и Си разговарале за билатералните и регионални прашања.
Двајцата лидери ја потврдија нивната решителност околу развивање на односите меѓу Турција и Кина, и се осврнаа на предвидените инвестиции во Турција во рамките на „Иницијативата појас и пат“.
Ердоган и Си исто така разменија мислења околу последните случувања во Сирија.
Според соопштеното, Ердоган истакна дека Турција секогаш e против користење на хемиски оружја, укажувајќи дека е важно и во наредниот период да не се дозволи зголемување на тензиите во Сирија.
Претседателите на Турција и Кина нагласија дека e потребно да се заштити територијалниот интегритет на Сирија и укажаа на важноста на заедничката борба против тероризмот.
Претседателот Ердоган по овој повод упати честитики до Си поради неговото повторно избирање за претседател на државата.