Ekipa
19 Април 2018•Ажурирај: 19 Април 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес во Анкара го прими претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, јавува Anadolu Agencuy (AA).
На средбата во Претседателската палата присуствуваше и претседателот на турското Големо народно Собрание, Исламил Кахраман.
Во рамките на официјалната посета на Анкара, Џафери оствари средба со претседателот на турското Големо народно Собрание, Кахраман, а го посети и Мавзолејот на Ататурк, каде што положи венец и се потпиша во Златната книга.