ИСТАНБУЛ (АА) - Во Истанбул се одржа самитот „Муслимански малцинства во светот“, на кој е разговарано за проблемите со кои таа популација се соочува во различни делови од светот, јавува Anadolu Agency (AA).
На самитот кој траеше од 16 до 19 април учествуваа 211 претставници од 103 земји. На крајот од самитот, на кој зборуваа и истакнати турски официјални лица, меѓу кои и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и премиерот Бинали Јилдирим, е донесена заедничка изјава.
Освен за проблемите за муслиманските малцинства и предлозите за решение, разговарано е и за нивните основни права, слободи и можности за соработка.
Во текот на низата конференции и панели организирани во рамките на Самитот, беше истакнато дека светот во последните два века се соочува со брзи и големи промени, и дека колонијалистичките и пропагандистичките политики на империјализмот осудиле голем дел од популацијата на глад и на сиромаштија.
Укажано е на проблемите на расизмот, ксенофобијата, дискриминацијата, исламофобијата поради што се запоставуваат човечките вредности, честа, моралот и совеста.
Кажано е дека ваквата ситуација ја намалува надежта во човештвото и иднината.
Истакнато е дека подрачјата на дејствување и слободата на муслиманите, особено малцинствата, се сè потесни, а правата сè помали. Освен тоа, опшествените и културни организации стануваат неефикасни. Секој има голема должност за ваквата ситуација да се промени.
Управата за верски работи на Република Турција има намера да направи решенија кои ќе укажат на основните проблеми на муслиманските заедници, но и целото човештво, да се придонесе за изградба на подобар свет и да се биде темел на заедничките акциски планови.
Во заедничката изјава се потсетува дека се слични самитите организирани на неколку континенти и дека истанбулскиот е нивно продолжение.
Изјавата се состои од 19 точки, а меѓу останатото се истакнува дека е неприфатливо нарушување на правата и слободите на етничките и верските малцинства во време кога се загарантирани со голем број на меѓународни договори.
Се потсетува и на тоа дека малцинствата имаат право на користење на сите социјални права и можности што ги нуди државата во областите на образованието, здравството и работата.
Кажано е и дека под изговор на терористичките напади на 11 септември 2001 ширум светот продолжува да се врши притисок и напади на муслиманите.
Укажано е и дека терористичките организации немаат никаква поврзаност со исламот и муслиманите.
Се додава дека сфаќањето поврзано со грубоста, насилството и слично на тоа, не може да има упориште во исламот кој е вера на љубовта, правдата, милоста и добротворните цели.
„Јасно е дека најголема штета од ваквото сфаќање и пристапот се нанесува на исламот и на муслиманите“, се наведува.
Укажано е и на ситуацијата во која се наоѓаат Аракан, Палестина, Сирија, Авганистан, Сомалија, Либија, Јемен и други земји, во кои поради тероризмот и војните страдаат голем број на муслимани, беа принудени на бегство и се соочија со глад и беда.
„Најголемата цена на оваа болка и срамна слика, за жал, ја плаќаат невини деца, жени и постари лица“, се вели во изјавата. Поединците, организациите, заедниците, државите и меѓународните организации се должни да преземат нешто за ставање крај на окупацијата, нападите, тероризмот и војни кои го прават светот невозможно место за живот.
Исто така кажано е дека за муслиманите Ерусалим (Кудс) е главен град на Палестина и дека засекогаш таков ќе остане
Укажано е дека во многу подрачја ширум светот, а со самото тоа и во земјите на Западот, сè повеќе се присутни говорот на омраза, дискриминација но и расистички напади на припадниците на етничките и верските малцинства.
Муслиманските малцинства ширум светот, пред сè би требале да ја јакнат соработката, пријателството, комуникацијата и солидарноста, првенствено во заедницата, како и да развијат стратшки и консултативни методи за постигнување на заедничко решение.
Истакнато е дека сите муслимани треба да ги избегнуваат зборовите, сфаќањата и постапките кои го нарушуваат единството, заедништвото и мирот, и кои се причина за интриги и несогласувања.