Seda Sevencan
03 Март 2020•Ажурирај: 04 Март 2020
АНКАРА (АА) - Турција денес депортираше странски терорист во неговата матична земја Франција, соопшти турското Министерство за внатрешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се нагласува дека Турција продолжува со депортирањето странски терористички борци.
Иако прашањето за постапувањето поврзано со припадниците на терористичката организација ДЕАШ и нивните семејства приведени во Сирија, меѓу кои и странски припадници на терористичката организација, во светски рамки е предмет на дискусија, Турција е на ставот дека странските терористи треба да бидат вратени во нивните матични држави.
Анкара вели дека неколку европски земји не вложиле напори да ги прифатат припадниците на ДЕАШ назад во нивните земји.
Според турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, во 2019 година Турција депортирала речиси 780 странски терористи во нивните матични земји.