Sinan Balcıkoca
11 Февруари 2021•Ажурирај: 11 Февруари 2021
БУРСА (АА) – СИНАН БАЛЏИКОЏА -
Производителите на велосипеди, мопеди (моторни велосипеди) и мотоцикли во Турција, во првиот месец од 2021 година реализираа извоз од 8.658.000 долари, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Здружението на извозници на автомобилската индустрија „Улудаг“, компаниите што произведуваат возила со две тркала во јануари испратиле производи во 49 земји.
Претставниците на секторот, минатата година остварија извоз од 97.598.000 долари, што значи пораст од 54 проценти во споредба со 2019 година.
Секторот 2021 година ја започна со значително зголемување на извозот.
Извозот на секторот во јануари порасна од 5.010.000 долари на 8.658.000 долари со пораст од 72,81 отсто во споредба со истиот месец од претходната година.
Производителите во јануари остварија најголем извоз во Франција. Извозот во оваа земја се зголеми за 16,96 проценти, од 1.257.000 долари на 1.470.000 долари.
Исто така зголемен е и извозот во Холандија. Продажбата во Холандија се зголеми од 723.000 долари на 1.282.000 долари.
Извозот на секторот во Финска се зголеми на 1.145.000 долари со пораст од 0,55 проценти.
- Извозот во Азербејџан-Нахџиван и Либија е значително зголемен
Големо внимание привлече сериозното зголемување на стапките во извозот на возила со две тркала во многу земји.
Извозот во Италија е зголемен на 1.580.000 долари со пораст од 150,68 отсто, во Германија на 853.000 илјади долари со пораст од 75,29 отсто, додека во Велика Британија со пораст од 143,75 проценти се зголеми на 679.000 долари.
Извозот на секторот во Азербејџан-Нахџиван се зголеми за 54 пати, од 11.000 на 636.000 долари, а извозот во Либија се зголеми за 110 пати, од 919 долари на 101.000 долари.