Ekipa
17 Јануари 2017•Ажурирај: 17 Јануари 2017
ДИЈАРБАКИР (АА) - Бројот на загинати во терористичкиот напад врз полициска патрола во близина на Универзитетот Диџле, во Сур, турската област Дијарбакир, се зголеми на четири, додека двајца полицајци се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Според последните информации, рачно изработената експлозивна направа била поставена на патот од страна на припадници на терористичката организација ПКК, а активирана е во моментот кога по делницата минувало полициско возило.
Повредените се пренесени во болницата на Медицинскиот факултет на Универзитетот Диџле.