Mümin Altaş
05 Февруари 2020•Ажурирај: 05 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - АФАД соопшти дека во втората лавина во подрачјето на Бахчесарај во турската област Ван загинаа 26 лица, меѓу кои и безбедносните сили, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на АФАД, во 24 часа се случиле две лавини меѓу подрачјата Бахчесерај и Чатак во Ван.
Во ова соопштение се вели дека денеска паднала втора лавина врз тимовите кои се обиделе да ги спасат лицата затрупани во лавината која се случи вчера.
„Според добиените информации, загинаа вкупно 26 лица, меѓу кои и безбедносните службеници, додека 53 лица се повредени“, се додава во ова соопштение.
Се вели дека во операциите за пребарување и спасување учествуваат тимови од различни турски институции.