Barış Gündoğan
05 Февруари 2020•Ажурирај: 05 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар имаше телефонски разговор со грчкиот министер за одбрана, Никос Панајотопулос, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од министерството се истакнува дека Акар и Панајотопулос имале телефонски разговор.
За време на телефонскиот разговор, двајцата министри разговарале за меѓусебните прашања во одбраната и безбедноста, за подготовките за состанокот на министрите за одбрана на НАТО што ќе се одржи во Брисел на 12-13 февруари 2020 година и за состанокот за градење на мерки за доверба што ќе се одржи во Грција на 17-21 февруари 2020 година.