Halil Demir
19 Февруари 2020•Ажурирај: 20 Февруари 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Во акција против структурите на терористичката организација ФЕТО во Турските вооружени сили (ТСК), во Турција се приведени 36 од 55 лица, за кои е издаден налог за приведување, јавува Агенција Анадолија (АА).
Обвинителството во Истанбул издаде налог за приведување на 52 припадници на воен персонал, од кој 35 се во активна служба, и тројца цивили.
Меѓу лицата за кои е издаден налог за приведување се еден мајор, капетан, тројца натпоручници, еден поручник, 27 подофицери и двајца наредници.
Екипите на одделот за борба против тероризмот спроведоа координирана акција во 26 града, меѓу кои и Истанбул и привеле 36 осомничени лица.
По останатите лица се трага.
ФЕТО е терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), за кого Турција официјално побара испорачување од САД.
Припадниците на таа терористичка организација, со години, преку местење на испитите напредуваа во службата, инфилтрирајќи се на тој начин во институциите на државата. Потоа, најпрвин во декември 2013 година, припадниците на ФЕТО во турското правосудство со монтиран процес за наводна корупција се обидоа да процесуираат голем број високи функционери.
Неколку години подоцна следуваше и крвав обид за соборување на избраната власт, односно обид за државен удар што го изведоа офицерите кои ФЕТО ги инфилтрираше во турската војска.
Истрагата за терористичката организација ФЕТО покажа дека станува збор за глобална мрежа којашто не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа турските официјални лица. Во текот на обидот за државен удар во Турција животот го загубија 251, а беа повредени околу 2.200 лица.