Турција

Акар: „Турција очекува страните во Идлиб да дејствуваат во согласност со Договорот од Сочи“

„Очекуваме страните во Идлиб брзо да ги усогласат своите обврски со Договорот од Сочи за да се постигне примирје и да може да се запре крвопролевањето. Ние се усогласивме и очекуваме и другите страни да го сторат истото“

Sibel Morrow  | 19.02.2020 - Обновена : 20.02.2020
Акар: „Турција очекува страните во Идлиб да дејствуваат во согласност со Договорот од Сочи“

АНКАРА (АА) - Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, изјави дека очекува страните во северозападната сириска област Идлиб да ги усогласат своите обврски во рамките на Договорот од Сочи со Русија, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Повлекувањето од нашите набљудувачки позиции во Идлиб не доаѓа предвид“, изјави Акар за новинарите пред состанокот на парламентарната група на Партијата за правда и развој (АК Партија) во Анкара.

Акар изјави дека ќе се одговори на секој напад врз турските набљудувачки точки.

„Очекуваме страните во Идлиб брзо да ги усогласат своите обврски со Договорот од Сочи за да се постигне примирје и да може да се запре крвопролевањето. Ние се усогласивме и очекуваме и другите страни да го сторат истото“, изјави Акар.

Акар рече дека ситуацијата во Идлиб има воена, безбедносна и одбранбена димензија, додавајќи дека треба да се разгледа и хуманитарниот аспект.

„Милиони луѓе ги напуштија своите домови. Деца, жени и постари лица... тие се обидуваат да преживеат во тешки временски услови, на снег и дожд“, рече министерот, додавајќи дека Турција им пружила помош на луѓето во Идлиб преку своите воени и социјални организации.

Тензиите во регионот ескалираа откако во нападите на сирискиот режим во Идлиб беа убиени 12 турски војници, кои во северозападниот дел на Сирија беа дел од антитерористичката и мировна мисија.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот руски колега Владимир Путин потпишаа договор во Сочи на 17 септември 2018 година. Двете страни се согласија да формираат демилитаризирачка зона во Идлиб каде што актите на агресија се строго забранети.

Режимските и руските напади беа прекинати моментално по договорот, а речиси 80.000 раселени Сиријци се вратија во своите домови. Но, режимските сили и нивниот сојузник Русија ги продолжија своите напади врз населените области со очигледно прекршување на примирјето.

Повеќе од 1.800 цивили се убиени во артилериските и воздушните напади.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.