Esra Kaymak
03 Април 2016•Ажурирај: 03 Април 2016
ВАШИНГТОН (АА) – Центарот Дајанет во Америка, финансиран од страна на Турција беше отворен денес од страна на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во близина на главниот град Вашингтон со свечена церемонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Објектот, изграден на кампус од 16 ари во Мериленд на само 21 километри од главниот град на САД, претставува традиционален комплекс од социјални и верски објекти.
Изработен за пронаоѓање заедничка основа меѓу луѓето од различни вери и култури, комплексот има џамија и културен центар, куќа за гости, традиционални турски куќи и турска бања.
Центарот за исламски истражувања ќе обезбеди консултантски услуги за додипломски и постдипломски студенти кои доаѓаат од Турција во САД.
Исто така, постои и Музеј на исламска уметност под џамијата и 10 традиционални отомански куќи во рамките на комплексот.
Во говорот за време на церемонијата на отворањето на џамијата, претседателот на Управата за верски работи на Турција, Мехмет Гормез, рече дека отворањето не е само на отворање на џамија, туку и центар за целото човештво.
"Мојата надеж е дека центарот ќе игра клучна улога во зближувањето на заедниците и во стремежот за внатрешен мир", рече тој, додавајќи дека секое човечко суштество има божествена одговорност а тоа е да се запознаат едни со други и да изградат заедно подобар свет за идните генерации.
По говорот на Гормез, претседателот Ердоган ја разгледа џамијата и културниот центар.
Стотици луѓе од сите делови на САД и Канада дојдоа на отворањето и покрај поројниот дожд. Меѓу присутните на отворањето, не присуствуваа само муслимани туку и христијани, Евреи и будистите.
Координаторот на Општеството за Еврејскo-исламски дијалог во Вашингтон, Даниел Спиро, за Anadolu Agency изјави дека уживал во духовната средина, молејќи се со другите луѓе од различни вери. "Ова е место за муслиманите да дојдат да се молат и да учат. Но, она што е особено важно е дека ние ги зголемуваме меѓуверските интеракции, бидејќи тоа е она што ќе ни донесе мир".
Изградбата на комплексот започна во септември 2012 година и беше завршен во октомври минатата година. Од отворањето, центарот има примено посетители од над 350 групи и организации.
Целиот комплекс е изграден на површина од 60.000 метри квадратни и вклучува традиционални турски бањи за мажи и жени, базени за пливање, повеќенаменски сали и затворен спортски комплекс.
Со своите две минариња, џамијата е изградена на 879 метри квадратни и заедно со нејзиниот двор може да прими 3.000 муслимани да се молат во исто време.