Arif Yavuz
09 Јануари 2020•Ажурирај: 10 Јануари 2020
АФЈОНКАРАХИСАР (АА) – Долината Фригија, со своите историски области и езерото Емре е позната како центар за алтернативен туризам. По снежните врнежи во областа се појавија импресивни пејзажи, пишува Агенција Анадолија (АА).
Најзначајниот дел на долината се наоѓа во селата Бајрамалилер, Учлеркајаси, Демирли и Ајазини од областа Ихсаније на Афјонкарахисар. По ефективните врнежи од снег во последните неколку дена, долината Фригија, стара 3 илјади години, се покри со бело.
Долината Фригија, покрај своите природни убавини позната е и по својот 506-километарски пат за прошетка.
По снежните врнежи во долината формирани се импресивни пејзажи кои нудат „визуелен празник“ за љубителите на природата и фотографијата.
Гувернерот на областа Ихсаније, Семих Доганоглу, во разговор за Агенција Анадолија (АА) рече дека со тригодишните инвестиции во регионот придонеле историската долина Фригија да стане место за алтернативен туризам.
Истакнувајќи дека долината Фригија нуди различни убавини во секое годишно време, Доганоглу нагласи: „Во долината има историски места, гробници, самовилските оџаци стари 3 илјади години, а исто така тука се наоѓа и езерото Емре. Езерото има многу важно место во однос на туризмот во Афјонкарахисар.“

Доганоглу, посочувајќи дека по врнежите на снег во долината Фригија се создадени фасцинантни пејзажи, рече: „Историските места, гробниците, самовилските оџаци на долината се покриени со снег. Се појавија прекрасни пејзажи. Ги чекаме љубителите на природата и фотографијата да ја посетат областа.“
- „Езерото Емре е замрзнато“
Мустафа Гокмен, раководител на рекреативниот објект „Езерото Емре“ рече дека долината Фригија претставува втора Кападокија на Турција.
Подвлекувајќи ги природните убавини на Фригија, Гокмен нагласи:
„Убавините на долината се различни во сите годишни времиња. Особено е убава за време на летото и пролетта. Убавината за време на зимата е многу поразлична. Во регионот веќе три дена има интензивни врнежи од снег. Снегот на долината Фригија ѝ даде посебна атмосфера и визуелност. Историските места облекоа невестински фустан. Исто така, замрзнато е и езерото Емре. Ги покануваме љубителите на природата и фотографијата да ја посетат оваа прекрасна атмосфера.“