Ferdi Türkten
09 Јануари 2020•Ажурирај: 10 Јануари 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара изјави дека тие се присутни во Либија, со цел запирање на злосторството и елиминација на неправдата, јавува Агенција Анадолија (АА).
„На местата каде што нашите предци ја пишуваа историјата, престојуваме врз основа на повикот. Тука сме заради елиминација на направдата и запирање на злосторството“, изјави Ердоган на собирот кој денеска е одржан во Народниот конгресен и културен центар „Баштепе“, по повод спроведувањето на програмата на вработување на младите и лицата со инвалидитет во јавниот сектор.
Ердоган, заедно со рускиот колега Владимир Путин, вчера од Истанбул упати повик за воспоставување примирје во Либија кое насила би стапило на 12 јануари. Меѓународно признатата Влада во Триполи го поздрави тој повик за мирно решавање на либиската криза, додека за тоа сѐ уште не се изјасни водачот на сепаратистите, Калифа Хафтар.
Турскиот претседател Ердоган денеска порача дека Турција своите интереси и иднината ги брани во и надвор од своите граници и дека нема да се откаже сѐ до конечната победа.
„Турција и понатаму ќе ги брани своите права и интереси и во Сирија, Ирак и на Медитеранот,“ порача Ердоган.
На собирот во Анкара Ердоган укажа и на важноста на јакнење на институцијата семејство во согласност со вредностите на турското општество.
„Со јакнењето на институцијата семејство и воспитувањето се решаваат голем број проблеми во општеството, вклучувајќи го и проблемот на насилство врз жените“, порача Ердоган.
Тој изјави дека во јавниот сектор на Турција работат 56.500 лица со инвалидитет, што е речиси десетпати повеќе во однос на бројот на вработените пред доаѓањето на власт на Партијата за правда и развој (АК Партија).