Ahmet Furkan Mercan
09 Јануари 2020•Ажурирај: 10 Јануари 2020
АНКАРА
Аплицирањето за „Турските стипендии“ на Претседателството на Турците во странство и сродните заедници (YTB), кое нуди можности за високо образование на меѓународни студенти во Турција, започнува утре, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според писмената изјава од Претседателството на Турците во странство и сродните заедници (YTB), аплицирањето за „Турските стипендии“ за 2020 година, кои се сметаат за најсеопфатна програма за стипендии во светот, започнуваат од 10 јануари.
Стотици ученици од други земји на веб-страницата „www.turkiyeburslari.gov.tr“ ќе можат да аплицираат за стипендии кои ќе им ги отворат вратите на најпрестижните универзитети во Турција.
Со оваа програма за стипендирање, Турција влегува меѓу главните светски центри за едукација и придонесува меѓународните студенти да стигнат до нивните цели во кариерата.
- Процес на аплицирање
Откако учениците ќе ги внесат потребните документи и информации во системот, ќе бидат подложени на техничка проценка. По техничката процена, во рамките на приоритетите на Турција и на земјата од каде што аплицира ученикот, ќе се спроведе стручен испит за академски квалификации и социјални вештини на ученикот.
По оваа фаза, студентите ќе бидат поканети на интервјуа. Покрај тоа, во некои земји ќе бидат спроведени и писмени тестови. Интервјуата ќе бидат спроведени од експерти на Претседателството на Турците во странство и сродните заедници (YTB), и ќе се одржуваат на приближно 100 места низ целиот свет. Кандидатите кои успешно ќе го завршат интервјуто, ќе добијат право на образование во Турција.
- Платени првите билети за пристигнување и билетите за враќање
Студентите во првата година на студиите, турскиот јазик ќе го учат бесплатно. На тие ученици, во согласност со нивните определби, од страна на „Турските стипендии“ ќе биде обезбедена настава на соодветните универзитети.
Во рамките на „Турските стипендии“, на учениците кои ќе студираат на додипломски, постдипломски, докторски студии, покрај тоа што ќе им биде платена школарината и домувањето, тие секој месец ќе добиваат и одреден надомест.
Исто така, ќе им бидат платени и првите билети за пристигнување во Турција и билетите за враќање назад откако ќе дипломираат. За време на престојот во Турција ќе им биде платено и здравственото осигурување.
- Средби на дипломците
Претседателството на Турците во странство и сродните заедници (YTB) за дипломираните студенти кои се враќаат во својата земја реализира „Средби на дипломци“ за да ги задржи во едно место.
„Дипломците од Турција“ имаат повеќе од 150 илјади членови и се раширени во 160 земји.
- Рекорен број апликации
Во Турција, во 2011 година имало 8.000 апликации за стипендии, во 2012 година со создавањето на брендот „Турски стипендии“ и со започнувањето на онлајн аплицирањето, бројката на стипендии се зголеми за петпати и се искачила на 40.000.
Минатата година аплицирале 146.600 ученици од 167 земји, што претставува рекорден број.