Güç Gönel
10 Јануари 2020•Ажурирај: 11 Јануари 2020
ИСТАНБУЛ
На отворено море кај местото Килиос, во подрачјето на Истанбул, се судрија руски танкер и рибарски брод, по што рибарскиот брод потона. Спасени се тројца рибари, а во рамките на спасувачката операција, лоцирани се телата на тројцата рибари, кои исчезнаа откако денеска се судија танкер и рибарски брод, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го објави гувернерството на Истанбул се вели дека во 06:35 часот на отворено море кај местото Килиос дошло до судир меѓу рускиот танкер „Глард-2“ и турскиот рибарски брод „Дурсун Али Џошкун“.
По несреќата рибарскиот брод под турско знаме потонал. Од морето се извлечени тројца рибари од шестемина колку што се наоѓале на бродот. Во тек се операции за извлекување на тројцата исчезнати рибари.
Во спасувачката операција поддршка од воздух даде и хеликоптер од типот „Скорски“ на жандармеријата.
Засега не е позната причината за несреќата.
- Соопштение на Крајбрежната стража
Командата на Крабрежната стража на својата итернет-страница објави дека на 5 милји (8 километри) северозападно од Истанбулскиот Теснец дошло до судир меѓу танкер под руско знаме кој од Русија се движел кон Измир и рибарски брод под турско знаме.
Од рибарскот брод кој потонал спасени се тројца рибари од страна на други рибарски бродови што се наоѓале во подрачјето. Во соопштението се вели: „По добиеното известување за локацијата, истиот момент четири брзи чамци и еден хеликоптер на Крајбрежната стража се упатени на самото место на несреќата. Со цел да се пронајдат исчезнатите тројца рибари, во операцијата учествуваат и два брода на Генералниот директорат за безбедност на крајбрежјето.“