Ramazan Ercan
10 Јануари 2020•Ажурирај: 13 Јануари 2020
ИЗМИР
- Рамазан ЕРЏАН
Како резултат на ефективните операции извршени на копно и на море од страна на полициските, жандармериските и крајбрежните сили на Турција, во последните пет години фатени се 1 милион и 219 нерегуларни мигранти, како и 27.700 шверцери на мигранти, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турција се наоѓа на рутата на нерегуларните миграции како резултат на проблемите кои се случуваат во земјите околу Турција.
Турција води ефективна борба против илегалната миграција.

Нерегуларните мигранти кои ги напуштиле своите земји поради внатрешните немири, како и поради економската и политичката неизвесност, преку Турција сакаат да преминат во Европа.
Зголемувањето на овие проблеми во земјите од регионот, како Авганистан, Пакистан, Ирак, Иран и Сирија, ја зголемуваат илегалната миграција.
Жандармериските и полициските сили на копно, додека крајбрежните сили на Црното, Средоземното и Егејското Море водат ефективна борба против нерегуларната миграција.
Според податоците до кои дојде новинарот на АА од Генералната дирекција за миграција при Министерството за внатрешни работи на Турција, минатата година во земјата биле фатени 454.662 нерегуларни мигранти, од кои околу 60.000 се фатени на море.
Оваа бројка е најголемата бројка постигната досега.
Од вкупно фатените мигранти минатата година, 201.437 лица биле со потекло од Авганистан, 71.645 со потекло од Пакистан, и 55.236 со потекло од Сирија.
Исто така, приведени се и 8.996 шверцери на мигранти со тврдење дека вршеле посредништво во илегалното влегување на мигрантите во Турција и нивен илегален премин надвор од земјата.
Полициските, жандармериските и крјабрежните тимови во последните пет години фатија 1 милион 219 илјади и 368 нерегуларни мигранти, од кои 268.003 нерегуларни мигранти се фатени во 2018 година, 175.752 во 2017 година, 174.466 во 2016 година и 146.485 во 2015 година.
Во овој период приведени се вкупно 27.700 шверцери на мигранти.
- Авганистанците се наоѓаат на чело на листата
На чело на листата на фатените нерегуларни мигранти се наоѓаат Авганистанците, по кои следуваат државјаните на Пакистан и Сирија.
Од вкупно фатените нерегуларни мигранти во последните пет години 414.459 мигранти се со потекло од Авганистан, 282.683 мигранти со потекло од Сирија, 175.529 мигранти со потекло од Пакистан и 86.408 мигранти се со потекло од Ирак.
Бројките во врска со нерегуларната миграција во последните пет години во Турција се следни:
| БРОЈОТ НА ФАТЕНИ НЕРЕГУЛАРНИ МИГРАНТИ | | БРОЈОТ НА ФАТЕНИ ОРГАНИЗАТОРИ |
| | | | | | | | | |
| 2015 | | 146.485 | | | | | 4.471 | | |
| 2016 | | 174.466 | | | | | 3.314 | | |
| 2017 | | 175.752 | | | | | 4.641 | | |
| 2018 | | 268.003 | | | | | 6.278 | | |
| 2019 | | 454.662 | | | | | 8.996 | | |
| ВКУПНО | | 1.219.368 | | | | | 27.700 | | |