Handan Kazancı
10 Јануари 2020•Ажурирај: 11 Јануари 2020
МЕРСИН
Вкупно 746 парчиња на историски артефакти се запленети во операција во јужна Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Жандармериските тимови од медитеранската област Мерсин уапсија осомничено лице во подрачјето Мут, идентификувано со иницијали Х. К..
Осомниченото лице се обидело да ги пласира на пазарот историските артефакти, кои датираат од средниот век и романскиот период.
Турските безбедносни сили коишто се преправале дека се купувачи, контактирале со Х. К., а осомничениот ги донел историските артефакти од неговиот дом откако се договорил за цена.
Меѓу историските артефакти се запленети 698 монети, 24 прстени, 16 обетки, 3 копја, 2 фигури на птици, крст, приврзок и детектор.