Barış Gündoğan
10 Јануари 2020•Ажурирај: 11 Јануари 2020
АНКАРА
Министерот за одбрана на Република Турција, Хулуси Акар, во Анкара се состана со американскиот специјален претставник за Сирија, Џејмс Џефри, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се наведува дека Акар ја примил делегацијата на чело со амбасадорот на САД во Анкара, Дејвид Сатерфилд и Џејмс Џефри.
Заменик-министерот за одбрана на Република Турција, Јунус Емре Караосманоглу, исто така присуствуваше на состанокот на кој, меѓу останатото е разговарано за регионалните прашања кои се однесуваат на безбедноста, особено во Сирија, како и за другите актуелни теми.