Ferdi Türkten,Burcu Çalık Göçümlü
10 Јануари 2020•Ажурирај: 12 Јануари 2020
АНКАРА
Турција и Руската Федерација се согласиле за прекин на огнот во деескалациската зона во Идлиб од 12 јануари во 00:01 часот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението од Министерството за национална одбрана на Турција донесена е одлука за стопирање на воздушните и копнените напади во деескалациската зона во Идлиб за да се спречат губењето животи, новите миграции и за нормализација на животот.
Во овој контекст, Турција и Руската Федерација се согласија за прекин на огнот во деескалациската зона во Идлиб која ќе започне на 12 јануари во 00:01 часот.