Emre Baştuğ
29 Февруари 2016•Ажурирај: 01 Март 2016
САРАЕВО (АА) - Турскиот фонд за стипендии (Turkiye Burslari) распиша конкурс за доделување на стипендии за додипломски и последипломски студии за странски студенти, а конкурсот е отворен до крајот на март оваа година, јавува Anadolu Agency (AA).
Конкурсот е отворен за сите странски студенти и државјани на сите земји во светот, а оние кои ќе бидат избрани ќе добијат месечен џепарлок, бесплатно сместување во студентските домови, здравствено осигурување, бесплатен едногодишен курс по турски јазик и една повратна карта.
Владата на Република Турција оваа година обезбеди средства за месечен џепарлак на странски студенти на додипломски студии во износ од 185 евра, за постдипломци 260 и за докторанти од по 400 евра.
Студентите кои ќе сакаат да се запишат на турските универзитети на кои наставата се одвива на англиски, француски или арапски јазик мора да поседуваат валидни и меѓународно признати дипломи за познавање на коресподентниот јазик.
Пријавувањето за турските стипендии се врши исклучиво електронски и се испраќа директно до надлежните служби во Турција преку онлајн платформа на која можете да ѝ пристапите преку линкот tbbs.turkiyeburslari.gov.tr. На линкот се наоѓаат детално упатство за стипендиите и постапката за апликација.
Обезбедени се средства за вкупно 16.000 стипендии за странски студенти кои може да аплицираат за студирање на вкупно 105 универзитети во 55 турски градови.
Владата на Република Турција, средствата за стипендирање на странски студенти ги обезбедува во намера да го поддржи развојот на образованието на младите во пријателските земји. Целта на Турција е преку образованието да воспостави мостови на пријателство помеѓу поединците и државата како и да одговори на современата потреба од квалификувани човечки ресурси.