АНКАРА (АА) – МУХАМЕД ИКБАЛ АРСЛАН –
„Ги повикувам младите што сакаат да се образоваат на дипломски и постдипломски студии во Турција, да аплицираат на Програмата за стипендиии на Турција“, рече Абдула Ерен, претседател на Дирекцијата на Турците во странство и сродните заедници (YTB).
Претседателот на Дирекцијата на Турците во странство и сродните заедници, Ерен, во разговор за Anadolu Agency (АА) говореше за Програмата со која на странските студенти им се овозможува да студираат во Турција, соопштувајќи дека апликациите за „Стипендии од Турција 2019“ ќе можат да се поднесуваат од 15 јануари до 20 февруари.
Претседателот Ерен, повикувајќи ги младите што сакаат да се образоваат на дипломски и постдипломски студии во Турција, посака процесот на апликации започнат на 15 јануари, да биде корисен.
Ерен, исто така потсети дека стипендиите се доделуваат од 2011 година, и дека секоја година се зголемува бројот на апликациите од сите страни на светот.
„Програмата за стипендии на Турција се следи од страна на голем број меѓународни студенти, кои ја следат Турција“, нагласи Ерен, потсетувајќи дека оваа година апликациите за стипендии можат да се поднесат помеѓу 15 јануари и 20 февруари.
Ерен, исто така изјави дека Министерството за надворешни работи на Турција, огласот за апликации го има испратено во амбасадите и конзулатите на Турција низ целиот свет. Според него, огласот е објавен и во сите претставништа на Турција кои работат во странство, на универзитетите и во средните училишта.
Ерен истакна дека во минатото апликациите за стипендии можеле да се поднесуваат во различни периоди, меѓутоа, оваа година било одлучено да се поднесуваат во еден период.
„За да можеме да ги оцениме подобро, а исто така и за да се подобри нивниот квалитет, одлучивме апликациите да се поднесуваат во еден период. Кај и да се во светот, ги повикувам младите што сакаат да се образоваат на дипломски и постдипломски студии во Турција, да аплицираат на Програмата за стипендиии на Турција. Аплицирајте, системот е отворен“, нагласи Ерен.
Ерен потсети дека на околу 4.000 студенти секоја година им се доделуваат стипендии за образование во Турција. Според Ерен, во Турција студираат вкупно 140.000 меѓународни студенти. Од нив, 7.000 се вклучени во Програмата за стипендија на Дирекцијата на Турците во странство и сродните заедници.
„Стипендиите на Турција се многу сериозна можност“
Ерен, потсетувајќи дека стипендиите од Турција имаат сериозни предности, истакна: „Како прво, се работи за стипендија која дава секакви можности. За додипломските 700, за постдипломските 900, додека за докторските студии се даваат стипендии од 1.400 лири. Исто така, ги подмируваме универзитетските трошоци, трошоците за студентските домови, а стипендистите имаат и здравствено осигурување. Ги плаќаме билетите за доаѓање и заминување од Турција. Тоа е сериозна можност. Турција во високото образование прави значителни чекори. Ние, носејќи квалитетни студенти, сакаме да ги поддржиме.“
Ерен, напоменувајќи дека во Турција постојат многу добри универзитети кои нудат образование на англиски и турски јазик, рече дека странските студенти тоа го следат.
„Стапката на вработување на студентите кои дипломираат на универзитетите во Турција е многу висока. Особено кога ќе погледнеме во земјите кои се во близина на Турција, ќе видиме дека студентите дојдени во Турција од 1992 година и се образовале со стипендии на нашата држава, сега се на добри позиции во различни сектори“, рече Ерен.
Тој, наведувајќи дека природните убавини на Турција ги привлекуваат меѓународните студенти, рече дека Турција со својата географија, историја и култура е земја лулка за многу цивилизации. Ерен, исто така потсети дека со земјата владееле Селџуците, Османлиите, Хититите и Византијците.
„Меѓународните студенти кои сакаат да се сретнат со историјата, културата, цивилизацијата и луѓето, секако ќе ги искористат шансите за образование", рече Ерен.
- „Стандардот за живеење во Турција е многу попогоден“
„Животот и стандардот за живеење во Турција, во споредба со другите земји се попогодни. Тоа ги привлекува студентите. Кога ќе ги собереме сите тие фактори, може да видиме дека Турција е привлечна за меѓународно образование“, истакна Ерен, додавајќи дека оние што студираат во различни области на Турција, ќе можат да го видат тоа богатство.
„Во наредните години сакаме да прифаќаме поквалитетни студенти. Оваа година Програмата ќе ја реализираме во неколку пилот-земји. Ќе побараме документ за постигнатиот резултат на приемните испити во сопствената земја. Учениците што покажале успех во својата земја, ќе се обидеме на различни начини да ги вклучиме во програмите за стипендии. Некои ученици ќе ги интервјуираме директно, некои пак со стипендии ќе бидат вклучени во Програмата“, рече Ерен, нагласувајќи дека Дирекцијата на Турците во странство и сродните заедници во наредните години ќе им нуди можност за стипендии на поквалитетни студенти.
- „Сакаме да се зголеми бројот на квалитетни студенти“
Истакнувајќи дека Фондацијата на Турската верска заедница, Фондацијата „Мариф“ и Министерството за образование, надвор од земјата имаат голем број средни училишта, Ерен рече дека успешните ученици од тие училишта се вклучени во Програмата за стипендии.
Исто така, тој наведе дека Турција е земја која во последните неколку години се искачи повисоко на меѓународната сцена, и дека затоа тенденцијата за образование во Турција ќе биде зголемена.
„Ние, покрај тоа што сакаме да се зголеми бројот на апликациите, сакаме да се зголеми квалитетот на студентите“, нагласи Ерен, потсетувајќи дека во изминатите години добиле над 100.000 апликации. Тој, исто така изјави дека апликациите ќе можат да се поднесуваат од 15 јануари до 20 февруари, а дека во следните 3 месеци тие ќе се обработуваат и ќе се оценуваат.
„Зад стипендиите што ќе се доделуваат има сериозен труд. Ние како Дирекција на Турците во странство и сродните заедници свесни сме за одговорноста на стипендиите кои се доделуваат со данокот на нашите граѓани. Ќе се обидеме да ги стипендираме студентите кои тоа го заслужуваат. Ги повикувам сите млади, од каде и да се, да аплицираат за стипендиите на Турција“, нагласи Ерен, претседател на Дирекцијата на Турците во странство и сродните заедници (YTB).
news_share_descriptionsubscription_contact
