Ekipa
11 Март 2019•Ажурирај: 12 Март 2019
АНКАРА (АА) - Република Турција во 2018 година остварила економски раст од 2,6 отсто, јавува Anadolu Agency (AA).
Заводот за статистика на Турција соопшти дека минатогодишниот бруто национален производ (БДП) по моменталните цени изнесувал 3,7 трилиони лири (784 милијарди долари).
Минатата недела, група од 15 економски аналитичари во интервју за АА ја анализираше минатогодишната економска ситуација во Турција, кои проценија дека економскиот раст изнесува 2,5 отсто. Нивните проценки се движеа од минимални 1,3 до максимални 3,3 отсто раст.