економија

„Туркиш ерлајнс“ патниците ги угости со 64.000 тони храна

Турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“, минатата година патниците ги угости со вкупно 64.000 тони храна и пијалаци, од кои 29.966 тони храна, додека 34.434 тони од нив беа пијалаци.

İzzet Taskiran  | 07.03.2019 - Обновена : 09.03.2019
„Туркиш ерлајнс“ патниците ги угости со 64.000 тони храна

ИСТАНБУЛ (АА) - Турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ („Turkish Airlines“ THY), минатата година патниците ги угости со вкупно 64.000 тони храна и пијалаци, од кои 29.966 тони храна, додека 34.434 тони од нив беа пијалаци, пишува Anadolu Agency (AA).

„Туркиш ерлајнс“ е предводник меѓу најдобрите светски авикомпании кои служат храна при лет. Турската авиокомпанија минатата година превезе 75,2 милиони патници на 306 локации во 124 земји.

Во тој период, турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ своите патници ги угости со вкупно 64.000 тони храна и пијалаци, од кои 29.966 тони храна, додека 34.434 тони од нив беа пијалаци.

„Туркиш ерлајнс“ дневно во просек лета на 1.300 дестинации, а во тие летови троши храна во тежина од 176.000 тони.

Советникот за односи со јавноста на турската авиокомпанија, Јахја Устун, во врска со темата истакна: „Што велите на тоа да вечераме во еден од нашите 338 ресторани на нашата флота, со поглед на небото? Минатата година нашите патници, кои со нас се сретнаа над облаците, ги угостивме со 29.966 тони храна и 34.434 тони пијалаци. Ве чекаме повторно.“ 


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.