образование

Девет турски универзитети меѓу првите 500 во светот

Во извештајот за 2018 година, подготвен од страна на Институтот за информатика при Универзитетот ОДТУ беше утврден успехот на универзитетите во Турција.

Selma Kasap  | 27.02.2019 - Обновена : 28.02.2019
Девет турски универзитети меѓу првите 500 во светот

АНКАРА (АА) – Девет универзитети од Турција се наоѓаат на најмалку една од 11-те светски ранг-листи меѓу „првите 500 универзитети во светот“, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во извештајот за 2018 година, подготвен од страна на Институтот за информатика (URAP - University Ranking by Academic Performance) при Универзитетот ОДТУ беше утврден успехот на универзитетите во Турција. Во извештајот се објавува генералниот пласман на турските универзитети во светот.

Претседателот на Институтот за информатика (URAP), проф. д-р Урал Акбулут, во изјава за АА даде информации за извештајот подготвен од страна на техничкиот тим на лабораторијата на Институтот. Извештајот се поготвува за да можат универзитетите да го видат своето место на светската ранг-листа.

Според тоа, во извештајот за оние што го следат развојот на настаните во високото образование, дадени се информации за последната состојба на 173 турски универзитети на 11 различни светски ранг-листи за 2018 година.

Единаесетте институции каде што се наоѓаат турските универзитети се: Webometrics, SCIMago, US News and World Report, QS, THE, Leiden (CWTS), CWUR, RUR, ARWU, NTU и Институтот за информатика (URAP) при Универзитетот ОДТУ.

Според извештајот, постојат 9 универзитети кои можат да влезат во топ 500-те, во најмалку една од светските ранг-листи за 2018 година. Од овие универзитети, ОДТУ влезе во 4 ранг-листи, „Богазичи“ во 3, „Истанбул“ во 3, „Коч“ во 3, „Сабанџи“ во 3, ИТУ во 2, „Хаџетепе“ во 2, „Билкент“ во 2 и ТОББ-ЕТУ во 1 светска ранг-листа.

- Универзитети кои се наоѓаат во најмногу светски ранг-листи

Според извештајот, во најмалку 7 од 11 светски рангирања има 17 турски универзитети.

Универзитетите „Хаџетепе“, „Истанбул“, ИТУ и ОДТУ се наоѓаат во сите вкупно 11 светски ранг-листи.

„Гази“, „Богазичи“ и „Билкент“ се наоѓаат во 10 од 11 светски ранг-листи. Универзитетот „Анкара“ се наоѓа во 9 од 11 светски ранг-листи.

„Ерџијес“, „Докуз Ејлул“ и Универзитетот „Ататурк“ се наоѓаат во 8 светски ранг-листи, додека „Еге“, „Јилдиз Текник“, „Мармара“, „Чукурова“, „Коч“ и „Сабанџи“ во 7 ранг-листи.

- „Влезот на 9 турски универзитети меѓу првите 500 во светот е значителен успех“

Урал Булут, при оценувањето на извештајот истакна дека влезот на 9 универзитети од Турција, во најмалку една од 11-те светски ранг-листи меѓу првите 500 во светот во светскиот пласман за 2018 година е значителен успех за Турција.

„Кога ќе се погледне генерално нашите универзитети беа во прилично добра состојба на светските ранг-листи во последните 15 години. Но, во последните 4-5 години брзината на напредувањето на турските универзитетите на светските ранг-листи се намали. Некои универзитети паднаа подолу на листата. Причините за тоа се намалувањето на бројот на публикациите во однос на другите земји и наместо на реномирани списанија ние се насочивме кон списанија со ниски вредности", рече Булут и нагласи:

„Бројот на научни трудови од нашите универзитети од 2010 година постојано се зголемува. Сепак, во текот на овој пораст, во реномираните списанија не се зголеми бројот на научните студии. Затоа бројот на универзитети меѓу првите 500 и 1000 во светот почна да се намалува. Напорите на нашите универзитетски власти да ги насочат академските членови на списанијата со висок ефект се многу значајни. Ефектите од овие напори на универзитетските власти ќе се почувствуваат наскоро.“

Целиот извештај е достапен на интернет- страницата http://tr.urapcenter.org.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.