Mesut Varol
03 Април 2020•Ажурирај: 03 Април 2020
ВАН
Во подрачјето на Тушба, во турската област Ван, се почувствува земјотрес со интензитет од 4,7 степени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го објави Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) на Турција се вели дека во 8:44 часот по локално време, во местото Тушба во областа Ван се почувствувал земјотрес со интензитет од 4,7 степени.
Според информациите објавени во соопштението, во земјотресот нема човечки жртви и не е причинета материјална штета.