Aybüke İnal Kamacı
24 Јуни 2021•Ажурирај: 24 Јуни 2021
АНКАРА (АА) - Првата доза од вакцините против Ковид-19 во Турција ја примија повеќе од 30 милиони луѓе, покажуваат податоците, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во Турција интензивно се спроведува кампања на вакцинација, која особено е забрзана во јуни. Граѓаните имаат можност да бираат меѓу вакцината на „Синовак“ и „БајоНТех“.
Податоците објавени на веб-страницата на турското Министерство за здравство покажуваат дека до 24 јуни, до 8:37 часот по локално време, 30.001.963 лица ја примиле првата доза, а 14.654.380, втората доза од вакцините. Со ова, аплицирани се вкупно 44.656.343 дози вакцина.
Во Истанбул се аплицирани вкупно 8.173.973 дози, од кои втората доза ја добија 2.393.302 лица. Во Анкара се дадени вкупно 3.721.690 дози, од кои втората доза ја добија 1.230.123 лица. Во Измир се аплицирани вкупно 3.004.253 дози, од кои втората доза ја добија вкупно 996.411 лица.
Во тек е вакцинацијата на лицата постари од 25 години, а од утре ќе започне пополнувањето на термините за лица постари од 18 години.
Со тоа, во Турција ќе започне значајна фаза за остварување на колективен имунитет.