Kaan Bozdoğan
08 Јануари 2020•Ажурирај: 10 Јануари 2020
ИСТАНБУЛ
По церемонијата на пуштање во функција на гасоводот „Турски тек“ во Истанбул, претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, организираше ручек во чест на лидерите на земјите кои присуствуваа на денешниот настан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот на Русија, Владимир Путин, претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, на повик на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, престојуваат во Истанбул каде што присуствуваа на свеченоста по повод пуштањето во функција на гасоводот „Турски тек“.
Четворката со симболично отворање на вентилот го пушти во функција гасоводот кој се простира на дното на Црното Море.
„Турски тек“ е мегапроект кој се состои од два крака на гасоводот со кој турскиот гас ќе биде испорачуван во Турција, а преку неа и во Европа.
Секоја линија на гасоводот „Турски тек“ одделно има капацитет од 15,75 милијарди кубни метри гас, што претставува вкупен капацитет од 31,5 милијарди кубни метри гас. Првата линија ќе обезбедува проток на гас за Турција, а од втората линија, што има ист капацитет, гасот ќе се пренесува во Европа.