Ali Ballı
05 Март 2017•Ажурирај: 06 Март 2017
МУГЛА (АА) - Во турскиот град Бодрум, кој се наоѓа на југозападниот дел на земјата, традиционално беше одржан Фестивалот на борба на камили, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на фестивалот беа проследени борби на 130 камили од неколку делови на Турција.
Борбата на украсените камили ја следеа над 5.000 лица. Крајот беше неизвесен како за гледачите така и за сопствениците на камилите.
На фестивалот учествуваше и камилата на градоначалникот Мехмет Коџадон. Коџадон пред борбата ја претстави својата камила на публиката.
Камилата со име Уметоглу ја претстави и 10-годишниот Сулејман Еге Кахраман. Момчето и неговата камила која победи, со голем аплауз го напуштија борилиштето.
Кахраман за АА изјави дека многу ја сака и цени својата камила.