Emre Ayvaz
01 Јануари 2018•Ажурирај: 02 Јануари 2018
САКАРЈА (АА) - Во акциите против терористичката организација ДЕАШ во Сакарја, Турција, приведени се шест лица од Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на истрагата на Специјалниот истражен оддел при Обвинителството во Сакарја, тимовите за борба против тероризмот спровеле претреси на неколку адреси.
Во една акција приведени се четири лица, вклучувајќи ги и оние кои надлежните органи во Турција ги барале поради шверц на цигари.
При претресот на наведената адреса запленети се дигитален материјал, оружје и муниција.
Во друга акција, припадниците на безбедносните сили добија дојава дека осомничено лице делува во име на ДЕАШ и дека е во контакт со припадници на ДЕАШ кои планираат терористички активности, но и со оние кои се одговорни за финансиските трансакции на организацијата.
Безбедносните сили приведоа едно лице.
Исто така, приведено е и лице за кое е утврдено дека во Ирак и Сирија делувало во име на терористичката организација ДЕАШ, и дека неодамна илегално влегло во Турција од Сирија.
Осомниченото лице, како што се наведува, планирало бегство од земјата.