Ekipa
20 Јули 2018•Ажурирај: 21 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили денес ја одбележуваат 44. годишнина од турската воена операција, спроведена со цел, заштита на турската популација во Северен Кипар, јавува Anadolu Agency (AA).
Денес, 20 јули, се одбележува Денот на мирот и слободата во Турската Република Северен Кипар, во знак на сеќавање на турската мировна операција во Кипар (голема воена интервенција, со цел, заштита на кипарските Турци во 1974 година).
На социјалната мрежа Твитер, Турската армија напиша: „Ние, на 44. годишнина од Кипарската мировна операција, се сеќаваме на нашите шехиди и ветерани со милост и благодарност.“
На социјалната мрежа, исто така е објавено и видео, во кое се прикажува операцијата извршена пред 44 години.
И турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, во знак на сеќавање на загинатите, на Твитер напиша:
„На 44. годишнина од Кипарската мировна операција, се сеќаваме на нашите шехиди со почит и изразуваме благодарност до нашите ветерани. Секогаш ќе бидеме со кипарските Турци“, напиша тој.
Кипар е поделен во 1974 година, по воениот преврат изведен од страна на кипарските Грци, проследен со насилство кон кипарските Турци, што беше повод за воена интервенција на Турција како земја гарант.
Последниот обид за повторно обединување на долго поделениот медитерански остров заврши со неуспех во 2017 година, по двегодишни преговори.