Davut Demircan
07 Февруари 2020•Ажурирај: 08 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - По повод нападот на сирискиот режим врз турските трупи во Идлиб, турското Министерство за одбрана соопшти дека ќе возврати на секој напад, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Ќе се возврати пропорционално на сите напади, нашите набљудувачки точки [во Идлиб] ќе продолжат со своите обврски“, соопшти полковникот Олџај Денизер, портпарол на Министерството за одбрана, на брифингот во главниот град Анкара.
„Во понеделникот, во напад на режимот на Асад во Идлиб, северозападна Сирија, загинаа седуммина турски војници и еден цивилен изведувач што работи со турската војска. Повредени се 13 лица, но се во добра состојба“, соопшти турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар.
Турција возврати напаѓајќи над 50 цели, при што загинаа 76 сириски војници.
Идлиб е упориште на сириската опозиција и антивладините вооружени групи од избувнувањето на сириската граѓанска војна во 2011 година.